Универзитетот во Љубљана го прекина образовниот процес поради коронавирусот

– Поради растечкиот број на лица заразени со коронавирусот, Универзитетот во Љубљана реши да го прекине образовниот процес.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, предвидено е Универзитетот да биде затворен до 23 март.

Во соопштението што го испрати факултетската управа, студентите се повикуваат да користат други начини на комуникација со професорите и менторите, односно да употребуваат видео врска или електронска пошта.

Ректоратот се одлучи на ваков чекор бидејќи многу често на предавањата присуствуваат повеќе од 100 студенти, што е во спротивност со забраната за собирање на луѓе во затворен простор.

Пред неколку дена и Универзитетот во Приморска ги затвори вратите за студентите.

Треба да знаете
Последни објави