Светска банка ќе и помогне на БиХ со 20 милиони долари за спречување на коронавирусот

Претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија ги запозна денеска премиерите на Република Српска, Радован Вучковиќ и на Федерацијата БиХ, Фадил Новалиќ дека Светска банка е подготвена финански да и помогне на БиХ со 20 милиони долари за спречување, откривање и санирање на последиците од појава на коронавирусот.

Финансиските средства во износ од 20 милиони долари ќе бидат наменети за поддршка во следење на болеста, зајакнување на интервенциите на јавното здравство и соработка со приватниот сектор за да се намали влијанието врз економијата, соопштено е од кабинетот на претседавачот со Советот на министрите.

Исто така, се додава и дека тие финансиски средства ќе се користат, мешу другото, и за набавка на тестови, болничка опрема, изградба на медицински објекти за итна помош, како и за помош во храна и друго.

Треба да знаете
Последни објави