Расчистен долгиот ред пред влезот на ВМА во Белград

Долгиот ред од околу илјада граѓани кој утрово беше регистиран пред влезот на Воено медицинската академија (ВМА) е расчистен, пренсуваат српските медиуми. Граѓаните кои се најдоа пред влезот на ВМА создале мешаница, бидејќи за да отидат на закажаните прегледи задолжително им било мерена телесна температура пред да бидат пропуштени да влезат во зградата, а не им е земан брис за тестови.

Со оваа постапка превентивно се проверувало дали има некој заразен од коронавирусот. Здравствените власти потврдија дека луѓето не биле собрани пред ВМА за тест од коронавирусот, туку за редовни прегледи кои ги имале веќе закажани, но пред да ги направат истите поминувале на задолжително мерење на телесната температура.

Треба да знаете
Последни објави