Search

Пред почетокот на Ф1 сезоната, членови на Хаас и Мекларен со симптоми на коронавирус

Новата сезона во Формула 1 започнува викендов во Мелбурн, Австралија, но од оваа земја доаѓаат непријатни вести, бидејќи вкупно три лица, дел од тимовите моментално се во изолација поради коронавирусот.

Двајца членови на Хаас и еден на Мекларен развиле симптоми, па веднаш биле тестирани на коронавирус и сместени во изолација. Сега се чекаат резултатите од тестовите, а доколку бидат позитивни, тоа ќе биде силен удар за Формула 1.

Австралиското гран-при требаше да оди според планот без одложување или забрана за навивачи, но доколку еден од овие три лица биде позитивен на коронавирусот, работите можеби веднаш ќе се сменат.

Дел од возачите во Мелбург се речиси целосно изолирани со цел да не го префатат вирусот и не се појавуваат пред новинарите или јавните настани на спонзорите.

Треба да знаете
Последни објави