Search

Погба и од следната сезона во Јунајтед?

Пол Погба денеска е главна спортска вест во Англија, по серијата одлични резултати на Манчестер јунајтед во последно време, тој се премисли и ќе остане во Англија, јавуваат медиумите од островот.

Според нив, доаѓањето на Бруно Фернандеш во јануари ги промени работите во Јунајтед, екипата нема пораз во последните 10 натпревари и притоа успеа два пати да го победи градскиот ривал Манчестер сити додека пред нив паднаа и екипи како Челси и Евертон. Погба во Португалецот гледа идеален партнер во средниот ред и поради тоа е подготвен да седне на маса со челниците на екипата и да преговара за продолжување на договорот.

 

Медиумите шпекулираат дека Погба е приморан на ваков потег бидејќи повеќе нема заинтересирани екипи за него. Реал Мадрид и неговиот претседател Флорентино Перез не го сакаат францускиот репрезентативец.

Треба да знаете
Последни објави