Откажани концертот на Малума во Тирана и манфестацијата во Елбасан „Денот на летото”

– Поради воведените мерки во Албанија за превенција од коронавирусот и откажување на сите културни, уметнички и спортски настани, откажан е концертот на колумбиската музичка ѕвезда Малума.

„Концертот требаше да се одржи на 14 март на плоштадот „Мајка Тереза” во Тирана. За него голем интерес владееше и меѓу младите од соседните земји. Концертот ќе се одржи на друг датум и сите купени билети ќе бидат валидни, соопшти организаторот на концертот.

Исто така од локалната власт на албанскиот град Елбасан соопштија дека нема да се одржи и традиционалната манифестација „Денот на летото”, што секој 14 март се одржува во овој град.

На оваа манфестација, освен илјадници албански граѓани од сите делови на земјата, редовно, секоја година, присуствуваат и стотици граѓани од Дебар, Струга и Охрид.

Треба да знаете
Последни објави