Search

Нема одложување на Олимписките квалификации во бокс

Организаторите на квалификацискиот Олимписки боксерски турнир во Лондон потврдија нема одложување на борбите поради ситуацијата со коронавирусот.

Квалификациските борби ќе се одржат според предвидениот план, од 14 до 24 март во Лондон.

Македонската репрезентација во состав Јасин Љама и Гоце Јанески во категориите до 63 и 75 килограми, предводена од селекторот Хесус Сојет од Куба од вчера е во престолнината на Англија каде се аклиматизира пред првите борби за три дена.

– Добро се подготвивме за овие квалификации, бевме на заеднички подготовки во Белград со селекцијата на Србија. Ветувам дека ќе дадам се од себе на овој турнир, изјави Љама.

Гоце Јанески кој имаше одличен настап на Балканското првенство во Турција каде освои бронзен медал исто така е оптимист пред почетокот на квалификациите.

– Ќе се претставам во најдобро светло, ветувам дека ќе го дадам максимумот, ова е многу силен турнир, конкуренцијата е голема, ние добро се подготвувавме во Белград со колегите од Србија, истакна Јанески.

Ждрепката е закажана за 14 март.

Треба да знаете
Последни објави