Search

Многу луѓе не знаат дека имаат коронавирус, само го пренесуваат

Многу луѓе не знаат дека имаат коронавирус, само го пренесуваат. Тоа е потполно очекувано, ние за тој вирус знаеме дека е ист како грипот и дека може да биде опасен за постарите луѓе со хронични заболувања. Во Италија просечната старост на заболените е 81 година и сите отприлика имаат хронична болест, на пример рак, изјави српскиот пулмолог, Бранимир Несторовиќ.

Тој нагласува дека пушачите треба да намалат со цигарите бидејќи спаѓаат во ризична група.

„Повеќето нема ни да забележат дека се болни, но тие се опасни за постарите и болните“, истакна српскиот пулмолог и ја споменал докторката од нашата држава која се врати од скијање и зарази многу пациенти.

Според докторот, се создава непотребна паника и заблуда бидејќи штом кажете дека сте заразени, луѓето мислат дека ќе отидете во болница и ќе умрете.

„85 отсто од заразените не чувствуваат никакви тегоби, тие само го носат вирусот и го пренесуваат на другите. Да се биде заразен, не значи толку многу“, истакна Несторовиќ во емисијата „Ново јутро“ на телевизија „Пинк“.

Треба да знаете
Последни објави