Search

И Азербејџанец кој сакал да купи јаболка измамен од ресенчани

На 10.03.2020 во 14.40 часот во Одделението за внатрешни работи Ресен, K.А.(27) од Азербејџан пријавил дека тој и Р.М., сопственик на фирма од Москва, биле измамени од лицата Е.А., Џ.З. и Б.С. од Ресен, во врска со купување јаболка.

Не е познато дали измамниците се дел од четворицата ресенчани против кои вчера ОЈО покрена истрага бидејќи преку Фејсбук продавале јаболка и измамиле три фирми од Унгарија, Русија и БиХ за 60.000 евра

Според пријавеното, во декември тие се запознале со Б.С. на пазар во Москва, при што на Р.М. му понудил да дојде во Р.С. Македонија за да му продаде јаболка. Средбата, според пријавеното, била во јануари 2020, кога Р.М. и К.А. дошле во Скопје и тогаш било договорено Р.М. да исплати дел од парите пред испораката, што било и направено. Наредниот ден, како што е пријавено, по вторпат од нив било побарано да уплатат дополнителни средства за транспортот, по што и тие пари биле префрлени.

Како што пријавил К.А., оттогаш Б.С. почнал да не им одговара на телефонските повици и тие продолжиле да контактираат со Е.А. и Џ.З., кои уште еднаш побарале да им бидат уплатени пари, но Р.М. одбил и си ги побарал парите назад.

После тоа, Е.А. и Џ.З. повеќе не контактирале со нив. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави