Search

Во притвор дилер на дрога

При извршен претрес на 10.03.2020 година во домот на осомничениот во населбата Илинден,  биле пронајдени девет поединечни пакувања наркотична дрога марихуана во вкупна нето маса од 212,65 грама, како и психотропна  супстанца – амфетамин во вкупна нето маса од 25,73 грама, спакувана во шест поединечни пакувања. Дрогата која осомничениот ја држел неовластено заради продажба е одземена од страна на полициските службеници.

Во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот достави предлог за определување на мерка притвор за осомничениот поради постоење на опасност од бегство и околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело. Решавајќи по предлогот на обвинителството, судијата  на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје  со решение на осомничениот му  определи куќен притвор во траење од 30 дена.

Треба да знаете
Последни објави