Search

Вардар потврди: Нексе и ПИК Сегед пред празни трибини

Ракометниот клуб Вардар потврди дека поради одлуката на Владата, следните мечеви на домашен терен против Нексе во СЕХА и против ПИК Сегед во ЛШ, ќе ги игра без присуство на гледачи во „Јане Сандански“.

,,Ги известуваме сите навивачи и симпатизери на РК Вардар дека во следните 30 денови сите натпревари на кои нашиот клуб е домаќин ќе се играат без присуство на публика.

Одлуката е донесена од Владата која забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани на територијата на Македонија, во наредните 30 дена како дел од дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство…”-стои во соопштението на вардарци.

Ова е голем удар за европскиот шампион бидејќи ќе игра без својот осми играч-навивачите.

 

Треба да знаете
Последни објави