Босна и Херцеговина денеска официјално забрани влез за лица кои доаѓаат од ризични земји каде е зголемен бројот на заразени со коронавирусот. До граничната полиција на Босна и Херцеговина е упатена наредба да се забрани влез за лицата кои доаѓаат од Италија, Иран, Јужна Кореа и одредени делови на Кина, односно областа Хубеи и градот Вухан.
Одлуката стапи на сила откако директорот на граничната полиција на Босна и Херцеговина, Зоран Галиќ доби службено барање од министерот за безбедност, Фахрудин Радончиќ.
Во Босна и Херцеговина досега од ковид-19 се заразени седум лица.