Search

Чавушоглу: Денешните услови во споредба со потребите на мигрантите во 2016 година се различни

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека денешните услови во споредба со потребите на мигрантите во 2016 година се поинакви, и додаде дека Европа не дава поддршка во врска со мигрантите што доаѓаат од Идлиб, јави агенцијата Анадолија.

Во гостување на Уредничкиот деск на Анадолија, Чавушоглу се осврна на повеќе актуелни теми, мешу другото и на Идлиб, ЕУ и мигрантите.

Шефот на турската дипломатија се осврна и на односите меѓу Турција и Европската Унија.

– Поминавме во нова фаза во врска со дијалогот, но треба да се преземат чекори за односите вистински да се реализираат, рече Чавушоглу.

Осврнувајќи се на миграцијата од Идлиб, тој укажа на тоа дека не е дадена поддршка од Европа во врска мигрантите.

– Од една страна велите да нема миграција (од Идлиб), а од друга страна (од Европа) не давате поддршка за овие луѓе да живеат тука, изјави Чавушоглу.

Според него, „денешните услови во споредба со потребите на мигрантите во 2016 година се различни”. Тој додаде дека со ЕУ ќе се разговара за тоа што може да се направи во рамки на новите услови.

– Границите на Европа не почнуваат од границата меѓу Турција и Грција. Границите на Европа почнуваат од јужната и источната граница на Турција, истакна за Анадолија турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

Треба да знаете
Последни објави