Search

Тврдокорни и Единствена Македонија потпишаа договор за соработка

Тврдокорни и Единствена Македонија информираат дека потпишале договор за стратешка соработка.

„Согласно со одлуката на Советот на ТВРДОКОРНИ од 2.03.2020 која се однесува за најавените избори, започнавме со дејства за поддршка на плурализмот и разбивање на двопартискиот уценувачки монопол на СДС-ДПНЕ. Изразуваме задоволство што во текот на соработката со ПП Единствена Македонија стекнавме меѓусебна доверба и тргнувајќи од крајнопотребното концентрирање на силите дојде до воспоставување на стратешко ниво на соработка. Отворени сме за слични договори со други партии и отпорашки субјекти. Се надеваме во понатамошна концентрација на организациските единки кои ќе се спротивстават на моќта на олигархискиот партиски двоец“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави