Search

Путин не се противи на аманднамнот што ќе го задржи на власт

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го поддржува предложениот уставен амандман, кој ќе му овозможи повторно да се кандидира на претседателските избори и да остане на власт.

Тој го прифати амандманот што го предложи пратеничката Валентина Терешкова. Таа предложи и намалување на ограничувањата на претседателскиот мандат или измена на рускиот Устав за Путин да може повторно да се кандидира.

Русите ќе гласаат за повеќе уставни амандмани на 22 април.

Путин е против намалување на ограничувањата на мандатот, но ја поддржа идејата за измена на рускиот Устав. Сегашниот закон ја лимитира претседателската функција на два мандата по ред.

Вториот шестгодишен мандат на Путин истекува во 2024 година. Путин (67) е на власт повеќе од 20 години.

Треба да знаете
Последни објави