Search

Поради коронавирусот Словенија го забрани слетувањето на авиони од ризичните подрачја

Поради коронавирусот Словенија ги забранива слетувањата на авиони кои доаѓаат од ризичните подрачја, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова го соопшти министерката за инфраструктура Алека Братушек, која појасни дека ова е само една од мерките за да се спречи ширањето на вирусот.

Оваа забрана ќе важи само за патничките авиони, додека оние кои се карго, носат пошта или аеродромите во Словенија има се бази, за нив нема да важи забраната.

Инаку, претставници на концесионерот на аеродромот Брник крај Љубљана, соопштија дека почнуваат да ги спроведуваат наредбите на Советот за национална безбедност и со термални камери ќе се проверуваат сите патници.

Треба да знаете
Последни објави