Search

Поради коронавирусот во Марибор се закажуваат прегледи само преку телефон

Од Универзитетскиот клинички центар во Марибор соопштија дека од денеска сите прегледи ќе се закажуваат исклучиво телефонски или преку електронска пошта.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, ова се прави со цел пациентите да не доаѓаат лично во болниците да закажуваат прегледи и на тој начин се изложуваат на опасност да се заразат со новиот коронавирус.

Уште пред една недела, поради истата причина Клиниката ги забрани и посетите на болните.

Во овој момент во Словенија има 25 потврдени случаи на лица заразени со Ковид-19, а за еден маж со симптоми на заразата се чекаат резултати.

Треба да знаете
Последни објави