Search

Облачно со услови за дожд и температура до 12 степени

Во текот на ноќта преовладуваше облачно време и на истокот со врнежи од дожд на пониските места, а утринава од снег на планините и понекаде на повисоките места. Снег од рано наутро во 4 часот има во Берово и Ѓуриште, а во Крива Паланка врнежите се од дожд и од снег. Дува слаб до умерен ветер од северен правец кој на Ѓуриште засилуваше.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје претежно облачно со слаб до умерен северен ветер. Претпладне ќе има услови за краткотраен дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Треба да знаете
Последни објави