Search

Кривична за тракторист кој предизвикал несреќа во која загина едно лице

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Г.(48) од с.Двориште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. На 25.10.2019, по шумски пат на влезот во с. Двориште, пријавениот управувал трактор со приколка натоварена со дрва на која се превезувале и З.Ч.(34) и В.Г.(47), двајцата од с. Двориште. Притоа, пријавениот изгубил контрола над возилото и удрил во канал покрај патот и во дрво, по што се превртел, по што З.Ч. починал, а В.Г. се здобил со тешки телесни повреди.

Треба да знаете
Последни објави