Search

Грците ја поддржуваат одлуката на Мицотакис за затворање на границата кај Еврос

Поддршка за одлуката на грчката Влада да ја затвори границата со Турција кај Еврос изразуваат 90 проценти од анкетираните граѓани во истражувањето спроведено од агенцијата „Opinion Poll” за грчкиот весник „Прото тема”, јави дописничката на МИА од Атина.

На прашањето дали сметаат дека „Мицотакис и грчката влада реагираа правилно на уцената од Ердоган, затворајќи ја границата и преземајќи меѓународни иницијативи”, девет од десет испитаници одговориле „да” (78 отсто) или „веројатно да” (9 проценти).

Паралелно, 81 отсто од анкетираните се согласуваат владата да заземе поцврста и построга позиција во мигрантското /бегалското прашање

Во однос на тоа дали се сметаат дека она што се случува на Еврос е „асиметрична закана за земјата”, како што всушност тврди владата, 83 отсто одговара позитивно, односно 66 отсто велат „да”, а 17 проценти „веројатно да”.

Речиси шест од десет анкетирани сметаат дека за грчкиот премиер е успех посетата на Еврос со челниците на европските институции.

За ставот на СИРИЗА, 62 отсто од испитаниците рекле дека не се задоволни од позицијата на опозициската партија.

Половина од анкетираните, односно 51 отсто, велат дека не се оптимисти за справувањето со мигрантското/ бегалското прашање во Грција, наспроти 47 проценти кои изразуваат оптимизам.

Во однос на распоредот на силите на грчката политичка сцена, според истражувањето на јавното мислење за „Прото тема”, Нова демократија е прва со 38,8 отсто, 18 проценти повеќе од опозициската СИРИЗА (20,8 проценти), а потоа следат, Комунистичката партија, Движење за промена, Грчко решение и МЕРА25.

Треба да знаете
Последни објави