Search

Градоначалникот на Приштина предлага затворање на училиштата поради коронавирусот

Градоначалникот на Приштина Шпенд Ахмети смета дека, со оглед на ширењето на коронавирусот во околните земји, надлежните институции во Косово треба веднаш да преземат превентивни мерки за спречување на неговото ширење во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Ахмети, во оваа ситуација треба да се земе предвид забраната на јавни собири и затворањето на училиштата.

– Имајќи го предвид ширењето на вирусот околу нас и развојот на ситуацијата во погодените земји, ние имаме можност да ги преземеме тие мерки сега. Забраната на собири, па и училишни распусти треба бргу да се земат предвид. Без паника, само поголем простор за превенција, напиша Ахмети на својот Фејсбук.

Во Косово досега се забележани неколку случаи на лица за кои постоеше соменвање дека се заразени со смртоносниот вирус, но анализите кај сите од нив резултираа негативни, односно во земјата официјално и натаму нема ниту еден носител на вирусот.

Со одлука на Министерството за инфраструктура и животна средина на Косово, вчера времено беа одложени сите летови од северна Италија на меѓународниот аеродром во Приштина, поради тамошната епидемија на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави