Поради коронавирусот словенечката Влада со една милијарда евра ќе и помогне на економијата

– Словенечката Влада донесе одлука со една милијарда евра да и помогне на економијата да ги ублажи последиците кои ги трпи поради коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, оваа мерка е донесена по состанокот кој претставниците на повеќе индустрии го имаа со министерот за економија Здравко Почивалшек, а разговараа околу штетите кои коронавирусот директно ги предизвикува врз економијата, најмногу во секторите туризам, трговија, логистика и производство.

– Мерките мораат да бидат систематски, планирани и помошта да се дава по точно дефинирани критериуми за да се избегнат евентуални злоупотреби. Ние исто така сме во постојан контакт со надлежните еврокомесари, изјави Почивалшек.

Треба да знаете
Последни објави