Кипар ќе испрати полицајци на грчко –турската граница кај Еврос

 Кипар ќе испрати полицајци на грчко – турската граница кај Еврос, откако премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, во денешниот разговор со кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, го прифатил предлогот на Никозија, јави дописничката на МИА од Атина.

-Во телефонскиот разговор што го имав денеска со премиерот на Грција, информирав дека Кипар е подготвен да испрати безбедносни сили за заштита на границите на Грција, што истовремено се и граници на Европа. Предлогот беше прифатен, напиша претседателот на Кипар на неговиот официјален Твитер профил.

Паралелно, Анастасиадис додаде дека со Мицотакис се договориле и за позицијата што ќе ја заземат за време на телефонскиот разговор што попладнево ќе го имаат со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, во пресрет на разговорите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со германската канцеларка Ангела Меркел и со Мишел.

Треба да знаете
Последни објави