Search

Чешкиот премиер бара на Италијанците да им се забрани да патуваат во Европа

– Чешкиот премиер Андреј Бабиш ја повика Владата во Рим да им забрани на Италијанците да патуваат во Европа како начин да се спречи понатамошното ширење на епидемијата на Ковид-19.

Според Бабиш, Италијанците не треба да патуваат во Европа, затоа што повеќето случаи на заразени во Германија, Франција и Шпанија се поврзани со Италија.

– Самите ние не можеме да објавиме таква мерка во рамките на Шенгенскиот простор, истакна тој и ги повика Чесите кои патуваат во Италија по работа или приватно, брзо да се вратат дома.

Во Чешка досега се регистрирани 31 случај на заразени со новиот коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави