Search

Хрватска е подготвена да прифати деца бегалци од грчките острови

премиер Андреј Пленковиќ.

Голем број на деца без придружба, сами, без родители, роднини или старатели, се сместени во центрите на грчките острови, кои во последните денови се под притисок од нови мигранти.

– Не гледам дека некоја разумна личност би била против да им помогнеме на одреден број деца кои живеат во значително различни услови од нашите деца, рече Пленковиќ во Сињ.

ЕУ за трансферот на деца ќе разговара откако комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон следната недела ќе ги посети островите.

– Хрватска секогаш покажувала многу хуманитарен пристап. Ние исто така бевме земја која имаше раселени лица и прими бегалци, особено од БиХ. Децата имаат потреба од посебна заштита, рече премиерот на Хрватска, која во моментов претседава со ЕУ.

За планот за извлекување на деца без придружба се дискутираше на вонредниот состанок на министрите за внатрешни работи минатата недела во Брисел, бидејќи Грција побара помош од земјите членки.

Треба да знаете
Последни објави