Search

Стогодишен пациент со Алцхајмерова болест се излекува од коронавирус

Стогодишен Кинез се опоравил од коронавирус и вчера бил пуштен во болница, јави кинеската новинска агенција „Ксинхуа“.

Ова е најстариот пациент досега со коронавирус.

Старецот се заразил во провинцијата Хубеи, епицентарот на заразата. Тој беше примен во болница на 24 февруари, набргу откако наполни 100 години (роден е во февруари 1920 година).

Како што пишува „Ксинхуа“, старецот страда од Алцхајмерова болест и исто така има хипертензија и проблеми со срцето.

„Си-Ен-Ен“ известува дека бил третиран со најразлични методи – од антивирусни лекови, традиционална кинеска медицина и терапија со крвна плазма.

Треба да знаете
Последни објави