Приведен скопјанец кој со пиштол се заканувал кон обезбедувањето во трговски центар

Суноќа на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници го привеле Е.Р.(27) од Скопје поради тоа што претходно со пиштол се заканувал кон двајца вработени како обезбедување во трговски центар во Скопје.

„Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави