По отказот во Милан, Бобан најверојатно ќе се врати во ФИФА

Милан ја потврди разделбата со Звонимир Бобан кој ја извршуваше функцијата шеф на фудбалски операции во клубот. Објавата на раководството на „росонерите” е очекувана, ако се има предвид се што се случуваше на „Сан Сиро” во изминатите денови и јавно изразените насогласувања на Хрватот со директорот Иван Газидис.

– Милан потврдува дека го извести Бобан за прекин на неговиот договор на местото шеф на фудбалски операции кој стапува на сила веднаш. Истовремено, Стефано Пиоли ја има целосната поддршка и со оптимизам гледаме во продолжение на сезоната, се наведува во соопштението на Милан.

Бобан, според пишувањата на италијанските медиуми, изгледа нема да чека долго на нов ангажман и најверојатно во најскоро време ќе се врати на старата функција во ФИФА. Се шпекулира дека екипата на лето ќе ја преземе Ралф Рангник кој во Милан ќе обедини две функции – тренер и генерален менаџер.

Треба да знаете
Последни објави