Помпео: Настојуваме да ги унапредиме правата на жените

– Додека го одбележуваме Меѓународниот ден на жената 8 март, ги здружуваме силите со државите ширум светот во обид да ги унапредиме правата на жените, напредокот и рамноправниот статус, рече државниот секретар Мајк Помпео.

Работејќи заедно, наоѓаме начини да им овозможиме на жените и девојчињата да имаат пристап до еднакви можности и да живеат без родово насилство, истакна Помпео во пишана изјава што ја објави Стејт департментот.

– Без разлика дали расте учеството на жените во одлучувањето за мирот и безбедноста или спроведувањето на новата Иницијатива за глобален развој и просперитет на жените, САД се непоколебливи во својата посветеност за политички, економски и социјален напредок на жените, рече Помпео и ја поздрави различноста и придонесот на жените од сите слоеви и секо потекло.

За жал, на премногу места, жените продолжуваат да се соочуваат со огромни бариери што го попречуваат остварувањето на нивните универзални права, рече државниот секретар на САД.

На Меѓународниот ден на жената, треба да ја подигнеме свеста за промовирање на родовата еднаквост и почитување на правата на сите поединци, заклучи Помпео.

Треба да знаете
Последни објави