Обраќање на Спасовски по повод Меѓународниот ден на жената 

Денешниот празник, 8 март, Меѓународниот ден на жената, е симбол на борбата за сите права и за еднаквост на жените во целиот свет.
Празникот не повикува да продолжиме да ги совладуваме конзервативните и застарени принципи за улогата на жената. Да ги менуваме тие принципи и да останеме посветени на тоа сѐ до постигнување на целосната правична родова еднаквост.
Постигнувањето на еднаквоста бара постојаност и упорност од сите нас.
Клучна улога во тој процес имаат доброто образование, особено темите за родова еднаквост и недискриминација.
Посебно место меѓу приоритетите се и економската и социјалната рамноправност.
Да не престанеме да се залагаме за создавање услови за економски самостојни девојки и жени. Тоа се услови за нашите мајки, сопруги и ќерки полесно да се справуваат со дискриминацијата, насилството и сиромаштијата.
Општеството ќе се движи напред со еманципирани жени и девојки!
Само на тој начин, и со заеднички заложби и учество во овие процеси ќе го зајакнеме општеството на еднакви граѓани и граѓанки по сите основи.
Честит 8 март за родово еднакво општество!

Треба да знаете
Последни објави