Италија стана втора земја во светот по број на заразени и починати од Ковид-19

– Во Италија во последните 24 часа од Ковид-19 починале 133 луѓе, што е најголема бројка на жртви досега.

Вкупно, од новиот коронавирус во Италија починале 366 лица.

Со вкупен број на заразени лица кој се зголеми на 7.375, Италија стана втора земја во светот по бројот на починати и заразени од вирусот.

Вкупно 633 луѓе оздравеле, што е за 33 повеќе од вчера. јт/

2020-03-08 19:27:08, од Јасмина Тасевска

Треба да знаете
Последни објави