Ердоган до Грција: Отворете ги границите, ослободете го товарот

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ја повика Грција да ги отвори границите и да ги пропушти мигрантите на патот кон европските земји.

„Овие луѓе нема да останат во вашата земја, тие ќе одат во други европски земји. Зошто не ги отворите своите врати, да ги пуштите да одат во други земји и да се ослободите од тој товар“, им порача Ердоган на Грците.

Тој во говорот во Истанбул по повод Денот на жената, истакна дека жените и децата поднеле најголем товар на кризата, пренесе „АП“.

„Дали срцето на Западот е скршено поради сето тоа? Не. Дали го крева својот глас? Не“, рекол Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави