(ВИДЕО) Понуда за која зборува светот – Путин доби понуда за брак

Јулија му се доближила на Владимир Путин и му предложила брак, понуда за која зборува светот.

Претседателот на Русија Владимир Путин за време на посетат на Иваново остварил средба со граѓаните, а една девојка  му предложила брак со зборовите „ожени ме“.

Рускиот претседател со насмевка го прифатил предлогот и ја прашал девојката како се вика, на што таа одговорила Јулија.

Девојката потоа се приближила до Путин и како што подоцна раскажала за медиумите успеала на претседателот да му даде своја фотографија на која е запишан нејзиниот број на телефонот.

„Фотографијата му ја дадов сега ќе видиме каков ќе биде одговорот“ изјавила самоуверената девојка од Иваново.

Путин подоцна во разговор со претставници на организациите од градот истакнал дека Иваново отсекогаш бил градот на невести, па сега и тој добил понуда за брак.

Рускиот претседател воедно истакнал дека сега девојката која му понудила брак  ќе стане позната поради тоа што нивниот разговор го снимиле медиумите. Иваново во минатото бил центар на текстилната индустрија и во него работеле многу жени, поради што бил познат и како град на невести.

За преглед на видеото кликнете ТУКА

 

Треба да знаете
Последни објави