Баерн Минхен го чува врвот во Бундеслигата

 – Баерн Минхен го совлада Аугсбург со 2:0 во претпоследниот меч од 25. коло во Бундеслигата. Баварците се мачеа со 13. екипа во шампионатот чиј отпор на „Алијанц арена” го скршија дури во второто полувреме.
Домашните поведоа во 53. минута со погодокот на Боатенг, а точка на трите бода стави Леон Горецка во судиското екстра време по асистенција на Серж Гнабри.
Со оваа победа, Баварците се зацвртија на лидерската позиција со 55 бода, четири повеќе од Борусија Дортмунд на второто место и пет од Лајпциг.
Бундеслига, 25 коло, резултати
Баерн М. – Аугсбург 2:0
Борусија М. – Борусија Д. 1:2
Баер Л. – Ајнтрахт Ф. 4:0
Херта – Вердер 2:2
Фрајбург – Унион Берлин 3:1
Шалке – Хофенхајм 1:1
Волфсбург – Лајпциг 0:0
Падерборн – Келн 1:2
Табела: Баерн М. 55, Борусија Д. 51, Лајпциг 50, Баер Л. 47, Борусија М. 46, Шалке 37, итн.
Треба да знаете
Последни објави