Тинк тенк форум и средба на министри за надворешни работи во рамки на Берлински процес

Средбата на министрите за надворешни работи ќе се одржи во Скопје во вторник 2020 година како дел од заедничкото претседателство со Берлинскиот процес за Западен Балкан 2020 година на Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Станува збор за неформална средба во т.н. „ГИМНИХ“ формат, вклучувајќи ги и министрите од шесте земји од Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ од Берлинскиот процес, како и претставници на ЕК, ЕЕАС и РСС.

По најавената нова методологија за пристапни преговори и во пресрет на Советот за општи работи во март, средбата ќе се искористи, меѓудругото, и како можност за дискутирање на европските перспективи на шесте земји од Западен Балкан (ЗБ6).

Во рамки на заедничкото претседателство, Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), во соработка со софиската канцеларија на Европскиот совет за надворешни работи (ЕЦФР), организира тридневен тинк тенк форум насловен „Стимулирање стратегиска автономија. Придонесот на Западен Балкан кон заедничка европска иднина.“

Тинк тенк форумот ќе се одржи од 8 до 10 март. Во вторник ќе има два заеднички панели меѓу министрите/претставниците на министерствата за надворешни работи на земјите-учеснички во Берлинскиот процес и учесниците на тинк тенк форумот. Двата панели ќе бидат затворени за прашања и коментари од публиката. Учесниците ќе се обратат на панелите врз основа на прашањата поставени од соодветните претседавачи на панелите.

Треба да знаете
Последни објави