Родова еднаквост: Еднакви плати на мажите и жените на иста позиција, намалување на работното време за повозрасни работници од 6 часа

По повод одбележувањето на меѓународниот ден на жената 8-ми март, прес конференција одржаа лидерот на СДСМ Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Во говорот Шекеринска наведе што се е сменето изминатите години од нивното владеење, како и за постигнатите резултати.

-Пред повеќе години кога бевме избрани за претседател и за заменик претседател на СДСМ, мислеа дека е ПР потег, дека тоа е порака која нема да значи промена во политиките. Покажавме дека тоа се вредности во кои веруваме и идеали кои ги почитуваме, денес иамме најголем број пратенички во Собрание, политики кои значат промена на жените во општеството. СДСМ ги предводи и владата и институциите. Освен што покажавме дека имаме храброст и визија, покажавме дека силно сме посветени на унапредување на правата на жените. На зајакнување на економската еднаквост и унапредување на родовата еднаквост на секое ниво. Минималната плата ја подигнавме на 12 илјади, ова беше мерка која влијаеше на подигнување на животниот стандард. Денес со новите зголемувања над 90. 000 граѓанки и граѓани имаат покачување за екој работник и работничка. Го вративме правото на жената да одлучува за сопственото тело и здравје. Затоа го донесовме новиот закон за прекин на бременоста и го сменивме рестриктивниотт закон донесен претходно. Приоритет ни беше да се бориме против насилството над жените. Затоа ја ратификувавме Истанбулската конвенција. Се грижиме и за жртвите на семејното насилство со отворање на 16 нови сервиси кои се рамномерно распределени во државата за да ставиме крај на тој циклус на насиство. Инвестираме во 43 градинки. На тој начин им даваме повеќе шанси на жените и мајките да работат и да се грижат за своите деца. Ги ослободивме самохраните родители од партиципација во граиднките, тука се и детскиот додаток. Работевме да се зголеми присуството на жените на пазарот на труд. Сериозно ги зголемивме платите на вработените во детските градинки. За прв пат и во одбраната донесовме упатство за вознемирување на работно место и 35 родови советници за да им помогнат на жените во одбраната. Донесовме нов европски закон за спречување и заштита од дискриминација, не само против жените. Денес кога овие мерки даваат видливи резултати уште повеќе сме мотивирани да продолжиме понатаму. Градиме едо општество за сите, рече Шекеринска.

Треба да знаете
Последни објави