(Видео) Заев откри дека и Шекеринска ќе биде носител на пратеничка листа: Ќе има и сосема нови ликови

Лидерот на СДСМ Зоран Заев предмалку обелодени дека покрај него и партиската заменик-претседателка Радмила Шекеринска ќе биде носител на пратеничка листа.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/857417751393812/?t=0

-Денеска ја продолжуваме постапката околу пратеничките листи, се координираме со коалициските партнери. Можам да објавам дека јас и Радмила Шекеринска ќе бидеме носители на листи, а за другото да ги почекаме органите да одлучат – рече Заев, додавајќи дека на пратеничките листи ќе се види континуитет, но, како што истакна, ќе има и нови ликови.

Шекеринска се надоврза дека СДСМ за овие избори одлучи 50 отсто од кандидатите за пратеници да бидат жени и во секоја изборна единица да настапуваат со двајца носители во тандем – маж и жена.

Треба да знаете
Последни објави