Search

Работнички прокнижи очекувани бодови од градската пресмета со Вардар

Најтрофејниот македонски кошаркарски тим, скопски Работнички прокнижи очекувана победа против градкиот ривал Вардар (81:76) со кого мечот како домаќин наместо во салата во Градскиот парк го одигра во СРЦ „Кале“ на теренот на противникот. До оваа рокада дојде бидејќи салата на Работнички поради силниот дожд прокиснуваше, па немаше услови за игра.

Најефикасен кај Работнички беше Балзамовиќ со 26 поени, Мијатовиќ уфрли 18, а Младеновски имаше „дабл-дабл“ од 13 поени и 11 скока, додека кај Вардар, Провел постигна 20 поени.

За Работнички ова беше дванаесетти триумф сезонава и тимот е на делба на второто место со Гостивар со скор 12-2. Вардар се наоѓа на претпоследното место со скор 3-14.

Треба да знаете
Последни објави