Search

При полициски претрес ноќеска уапсени три лица со дрога во Лисиче, Водно и Карпош

– Денеска во 00.10 часот на улица „Горно Лисиче” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А. Н. (21) од  село Теарце, тетовско,  поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На улица „Женевска” во Скопје, денеска во 01:15 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б. П. (23) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска во 02.10 часот на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д. И. (28) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави