Search

(Видео) Солзавец, инциденти и приведени навивачи на Партизан во Будва

 

Ватерполо натправрот од регионалната А1лига меѓу црногорскиот Приморац од Будва и српскиот  Партизан од Белград кој требаше да се одигра вечерва е одложен за утре, поради инциденти кои ги предизвикаа гостинските навивачи со полицијата пренесуваат медиумите од оваа земја. Средбата ќе се игра утре без присуство на гледачи.

До нарушување на јавниот ред и мир дошло кога групата од околу 120 гостински навивачи која дошла во базенот одбила да биде детално прегледана. Покрај тоа сакла и насилно да влезе во објектот. Полицијата ги предупредила, но тие се оглушиле на барањата па била приморана да ги истера со солзавец и чадни бомби по што настанал општ хаос и инциденти во базенот.

Откако агресивната навивачка група е истерана надвор од базенот почнала да фрла со камења и направила штета на прозорите од објектот како и на едно полициско возило. Повреден е и еден полициски службеник. Од учесниците во нередите има приведено 25 лица.

Треба да знаете
Последни објави