Ахмети-Соботка: Објектив на ДУИ е Европската Унија

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денеска оствари работна средба со претседателот на Австриското Собрание, Волфганг Соботка.

Ахмети му се заблагодари на Соботка за посетата и изрази признание за австрискиот придонес во воспоставувањето на мирот во Република Северна Македонија.

Ахмети истакна дека објектив на ДУИ е Европската Унија и дека Австрија е голем подржувач на нашите аспирации. Ахмети изрази уверување дека изборите ќе бидат во согласност со европските стандарди и дека ќе победи подобриот кого ќе го изберат граѓаните.

„Нашите приоритети го опфаќаат и Преспанскиот, Охридскиот и договорот за добрососедство, Ветингот за владеење на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и работни места за сите“, велат од ДУИ.

Соботка повторно ја потврди големата австриска подршка за европската иднина на нашата земја.

Треба да знаете
Последни објави