Филипче: Нема нови тестирани за коронавирус, попладне се очекуваат 20 туристи од Сингапур и Јапонија

Нема нови тестирани за корона вирус- рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната  прес-конференција во Владата.

-Во текот на изминатото деноноќие после најавените случаи немаше нови тестирања за коронавирусот, состојбата на пациентката е стабилна, како што информиравме негативен е контролниот тест, но за тоа треба да помине подолго време. Доколку контролниот тетст е негативен таа не може да ја пренесува болеста. Странците кои вчера се тестираа, кои престојуваа во хотелот во Скопје, се нагативни, прегледани се на Инфективна клиника и испуштени се болницата- рече Филипче.

Сите странци, рече Филипче, кои влегуваат во нашата земја добиваат смс порака, во која се вели дека доколку почувствуваат за време на престојот симптоми слични на грип, да се јават на телефотните на Институтот за јавно здравје.

-Утрово добивме информација за 20 туристи, кои преку ГП „Деве Баир“ ќе пристигат од Сингапур и Јапонија, автобусот ќе биде пречекан и сите патници ќе бидат прегледани. Тие доаѓаат од Романија каде веќе има еден случај и поради тоа треба да бидеме внимателни- рече Филипче.

На владината седница која ќе се одржи денеска ќе се одлучи дали ќе се продолжи препораката за неодржување на масовни јавни собири и одржување на спортски натпревари без публика.

-Сите луѓе кои беа во изолација се во добра општа состојба, никој од нив нема симптоми, чекаме да поминат 14 дена, па ќе одлучиме дали сите ќе се тестираат, или ќе продолжи надзорот- рече Филипче.

Тој напомена дека треба да бидеме внимателни и да се одржуваат натпревари без публика.

Треба да знаете
Последни објави