Search

Путин: Работата ми е задоволство

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека не ја смета неговата функција за работна обврска, туку за своја судбина.

-Мојата работа е да се состанувам со луѓе. Зарем можете да се уморите од тоа? Тоа е чисто задоволство“, рекол Путин на средба со граѓани во градот Иваново.

Тој, исто така, рекол и дека не е уморен и дека не сака да повлече од функцијата.

-Секој човек кој би се нашол на мое место не би ја сфатил функцијата претседател како работа, туку како судбина. Така се однесувам и јас кон неа, рекол Путин.

За разлика од Путин, поранешниот американски претседател, Бил Клинтон во најновата документарна серија „Хилари“ изјави дека аферата со Моника Левински била резултат на неговиот стрес од работата и анксиозност која сакал да ја излекува преку младата помошничка во Белата Куќа.

Треба да знаете
Последни објави