Принцот Вилијам прекрши кралски протокол за да израдува девојче со Даунов синдром

Британскиот принц Вилијам го прекрши кралскиот протокол за да се фотографира со едно девојче од Ирска кое е голем обожавател на кралското семејство.

Членовите на кралското семејство обично не позираат со фановите и не даваат автограми, но Војводата од Кембриџ реши да ја исполни желбата на Џенифер Малоун, која му подари и букет цвеќиња.

Нејзината мајка сподели фотографии на „Твитер“ каде доби илјадници лајкови.

Ова не е прв пат Џенифер, која има Даунов синдром, да се фотографира со познати личности. Минатата година, таа направи селфи со актерот Хју Џекмен.

Треба да знаете
Последни објави