Search

Откриена нова измама на затвореникот од „Идризово“ кој преку мобилен измамувал фирми

Скопјанецот Б.А.(33), кој е на издржување на затворска казна во „Идризово“ и зад решетките не престанал со криминал, па полицијата редовно му поднесува кривични пријави. Станува збор за измамник кој со мобилен телефон во изминативе неколку години од затвор успеал да измами повеќе фирми од кои земал ралична стока без да плати.

Во последниот случај жртва бил тетовски бизнисмен кој останал покус за 2.000 евра, а кривична овој пат добил и С.Р.(45) од Арачиново, кој се товари за прикривање.

Според МВР, изманикот на 16.12.2019 од затворот остварил телефонски контакт со Б.Б. од Тетово, сопственик и вработен во фирма, преставувајќи му се лажно како Г.К. вработен како генерален директор во градежна фирма од Богданци и му нарачал стока од неговата фирма за која ќе плати откако ќе му биде испорачана.

На ова оштетениот се согласил и му испорачал стока во вредност од 2.000 евра која ја подигнал арачиновецот. По испораката Б.Б. се обидел да оствари телефонски контакт со измамникот за плаќањето на стоката, но не можел да го добие, по што сфатил дека е измамен.

Пријавениот кој што е осудено лице на издржување казна затвор во КПУ Идризово, искористувајќи го невниманието на вработените лица од службата за обезбедување и нивниот пропуштен должен надзор над неговото сомнително однесување како осудено лице, во просториите на КПУ Идризово на непознат начин успеал да обезбеди мобилен телефонски апарат и сим картица, активирана и регистрирана на негово име како сопственик.

 

Треба да знаете
Последни објави