Search

МНТ, Драмски и Театарот за деца ги откажаа претставите до 13 март

Македонскиот народен театар, Драмски театар – Скопје и Театарот за деца и младинци ги откажаа претставите до 13 март, по одлуката на Владата за продолжување на препораката за откажување на сите јавни собири како превенција од коронавирусот.

„Во согласност со препораката на Владата на Република Северна Македонија донесена на ден 6.3.2020 за неодржување јавни настани до 13 март, Н.У. Театар за деца и младинци ги одлага закажаните претстави во овој период. За продолжување со редовниот репертоар, Театар за деца и младинци дополнително ќе ја информира јавноста“, соопштија од театарот.

И МНТ и Драмски се огласија со исто соопштение.

„По препорака од Владата на Република Северна Македонија, која беше донесена на ден 6 март 2020 година, а истата се однесува за неодржување јавни настани до 13 март, ја известуваме јавноста дека Македонскиот народен театар ги одложува сите настани и претстави кои беа закажани во тој период, заклучно со 13 март 2020 година. За продолжување на редовната репертоарска програма дополнително ќе ја информираме јавноста“.

„На 14-тата седница, Владата на Република Северна Македонија го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство да се продолжи препораката за ограничување на јавните собири и настани. Согласно тоа, НУ Драмски театар Скопје ја известува јавноста дека го одложува репертоарот заклучно со 13.3.2020 г. За продолжување на редовниот репертоар дополнително ќе ве известиме. Купените билети ќе може да се заменат за друга претстава  или средствата ќе бидат вратени“.

Треба да знаете
Последни објави