Search

Комората нема да постапи ниту по пријавата од Кривичен за адвокатот Даути

Адвокатот Мерџан Даути, бранител во случајот „ТНТ“ ја информира јавноста дека Адвокатската комора на Македонија ја отфрлила пријавата против него поднесена од Основен кривичен суд Скопје 1, кој браше дисциплинска одговорност против Даути.

-Со огромно задоволство надеж и верба би сакал да го споделам заклучокот  од Адвокатската комора на Македонија кој  што е донесен во моја – наша полза и во полза на исполнување на правдата и праведноста, по предметот против мене, поточно ПРИЈАВАТА, а се однесува и се имплицира на тоа дека јас постапувам спротивно на Кодексот на адвокатската етика и дека воедно со моите дејствија сум сторил дисциплинска повреда како АДВОКАТ и воедно носител на исклучително тешка професија во овие бурни времиња. Заклучокот од АКРСМ е само уште едно признание дека јас како еден професионалец си ја вршам работата на највисоко можно професионално ниво. Како Адвокат секогаш на прво место ќе ми биде Уставот, Законите и Кодексот за адвокатска етика и клиентот без разлика на национална, верска, расна, полова или пак било каква друга припадност. Благодарен сум на исправната одлука од страна на АКРСМ, но исто така сакам да се заблагодарам во име на  сите граѓани на оваа наша земја со што ни ја вративте вербата, силата, истрајноста со цел достигнување и задоволување на правдата.Со овој ЗАКЛУЧОК  го побивме фактот дека  „Право е моќ на владеачка класа, а правдата е само желба“.Ви благодарам на сите оние кои што веруваат во мене како еден професионалец, брат, татко, сопруг, пријател, сограѓанин, но ова е само почеток во воведот на ВИСТИНАТА, ПРАВИЧНОСТА, напиша Даути во соопштението до јавноста.

Адвокатската комора нема да покрене дисциплинска одговорност ниту против адвокатот Јовица Страшевски бранител на поранешниот градоначелник на Гази Баба, Тони Трајковски во „ТНТ“, исто така по пријава од судот.

Треба да знаете
Последни објави