Search

Италија: За 24 часа 49 жртви oд Ковид-19

Бројот на починати од коронавирус во Италија се искачи на 197. Во последните 24 часа починале 49 луѓе, што е најголем број досега на починати во еден ден во земјата.

Бројот на заразени се искачи на 4.636.

Во Словенија, пак, денеска е потврден уште еден случај со што вкупниот број на заболени е седум.

Според последните податоци, бројот на заболени во светот е 100.242. Досега починале 3.390, а излекувани се 55.809.

Треба да знаете
Последни објави