Search

Ердоган им забрани на мигрантите да преминуваат во Грција преку море

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и наредил на крајбрежната стражада ги спречи  мигрантите да го преминуваат Егејот кон Европската унија заради нивната безбедност.

-Нелегалните преминувања на мигрантите преку Егејот не се дозволени, бидејќи се опасни – соопшти турската крајбрежна стража, повикувајќи се на указот на претседателот.

Спроведувањето на мерката ќе биде надгледувана од Министерството за внатрешни работи.

-Иако принципот на интервенција во случај на илегални мигранти кои сакаат да ја напуштат Турцијаќе продолжи да се спроведува, овој пристап не го опфаќа преминувањето преку море заради опасност по нивните животи, се додава во соопштението од кабинетот на Ердоган.

Турската крајбрежна стража ја обвини Грција за кршење на меѓународните закони со ставање во опасност на мигрантски чамци и вели дека спасила скоро 100 мигранти од три бродови што Грците ги оставиле полупотопени.

Треба да знаете
Последни објави