Search

Европол: Запленети 7,9 милиони евра и 36 милиони шверцувани и фалсификувани лекови

Европол ја поддржа операцијата против незаконската „онлајн” и „офлајн” трговија  со злоупотребени и фалсификувани лекови.

Во операцијата се разбиени 12 организирани криминални групи, уапсени се 165 осомничени лица во Белгија, Кипар, Финска, Франција, Грција, Унгарија, Италија, Португалија, Словачка, Шпанија, Украина и Велика Британија. При тоа се запленети 7,9 милиони евра и приближно 36 милиони единици лекови, меѓу кои и псеудоефедрин, лек против рак, потоа антихистаминици, анксиолитици, лекови за еректилна дисфункција, хормонски и метаболички регулатори, наркотивци, лекови против болки, антиестрогени, антивируси, хипнотици  и супстанци за допинг.

Во операцијата предводена од Националната жандармерија на Франција и Финската царини учествуваа органите на редот од 11 земји-членки на Европска Унија, Босна и Херцеговина, Украина, Велика Британија  и САД.

Операцијата исто така е поддржана од Канцеларијата на ЕУ за интелектуално сопственост (ЕУИПО), Еуроџаст и Европската  канцеларија за борба против измама (ОЛАФ).

Европол соопшти дека операцијата е спроведена во периодот од јули до октомври 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави